Магазин
НЕВЕРОЈАТНО: Природата цвета на местото на тестирање на нуклеарните бомби
Атолот Бикини во Тихиот океан, каде САД спроведуваа нуклеарни тестови пред повеќе од 70 години, сега е богат екосистем, преполн во растителни и животински видови.
Научниците информираат дека на Бикини се развиваат корали големи колку автомобили, околу кои кружат целосно здрави ајкули и туни, па дури и ракови.
Истражувањето кое е спроведено за потребите на документарниот филм „Големиот Пацифик“ на мрежата на Пи-Би-Си, било фокусирано на проверка на претходните извештаи дека кратерите од хидрогенски бобми ги населуваат мутирани ајкули, на кои им недостасува втората грбна перка.
Стив Палумби, професор по биологија на Универзитетот Стенфорд со својот тим ги проучувал ефектите од радијацијата врз морскиот свет на Бикини, што што флората и фауната на овој микронезиски остров ја опиша како „неверојатна отпорна“.
Палумби вели дека рибите се размножувале затоа што никој не ги вознемирувал.
– На чуден начин тие се заштитени од историјата на ова место. Тоа е многу чудно, изјави тој.
На коралите како воопшто да не им пречи високата радијација, а научниците сега се обидуваат со помош на ДНК секвенцирање да утврдат како овие колонии опстојуваат и дури напредуваат.
Студијата би можела да има примена и во медицината.
– Ако дознаеме како коралите успеваат да живеат во кратерите полни со радијација, можеби ќе откриеме нешто за тоа како да ја заштитиме ДНК-та од мутација, рече Палумби.
Иако природата тука цвета, областа и натаму е опасна за луѓето, а според Обединетите нации, штетата е неповратна. Луѓето, кои ќе се изложат на таквата радијација се во голем ризик од канцер особено леукемија и карцином на штитната жлезда.