Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Никогаш не е доцна за одмор на Кипар

Магазин

Никогаш не е доцна за одмор на Кипар

Иако веќе почна октомври се уште не е доцна за одмор на Кипар.

За сите оние кои сакаат одморот да го поминат уживајќи на преубавите плажи, во хотели со одлична услуга и содржина, многу историски локалитети и единствена природна убавина, овој остров претставува вистински избор.

Островската држава има многу поволна географска положба во источен Медитеран, на крстосница на три континенти, Европа, Азија и Африка. Географски и припаѓа  на Азија, а културно-политички на Европа, чие влијание се чувствува на целиот остров.

Најинтересни туристички центри на островот се Киренија, Фамагуста, Аја Напа, Ларнака, Лимасол, Пафос и Протарас.

Киренија и Фамагуста се бисери на Северен Кипар, можеби се уште недоволно познати во јавноста, но секако им се добро познати на вистинските љубители на туризмот.

Киренија е пристанишен град, преполн со таверни, ресторани и многубројни продавници, но и со историски споменици, меѓу кои секако се истакнува античката тврдина со музеј, а на само неколку минути возење од Киренија се наоѓа замокот на Свети Хиларион изграден за време на Крстоносните војни.

Фамагуста е позната по најубавите плажи на целиот Кипар, а самиот град претставува автенитчна целина со познатиот „град на духови“, Отело кулата и готската катедрала од 13. век.

Најпознати летувалишта во јужниот дел на Кипар се Ларнака, еден од најстарите градови на островот и Лимасол, втор по големина град. Уште еден бисер меѓу градовите претставува Аја Напа. Позната е по недопрената природа, долгите песочни плажи и топлата вода, така што претставува место за љубители на капењето, сончањето и спортовите на вода.

Од градовите во овој дел на островот треба да ги споменеме и Пафос и Протарас. Пафос, некогашна античка престолнина на Кипар, претставува најголемо културно богатство на островот, а не треба да ги заборавиме ниту неговите 27 преубави плажи.

Протарас на југоисточнот дел на Кипар, некогаш стариот град Леукола, денес е модерна туристичка дестинација со голем број хотелски комплекси, кои претставуваат вистинско место за нешто помирен и вистински семеен одмор.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.