Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

106-годишната тату-артистка Апо Ванг-Од го освои светот на модата со насловната страница на филипинското издание на „Вог“

Низ објективот

106-годишната тату-артистка Апо Ванг-Од го освои светот на модата со насловната страница на филипинското издание на „Вог“

Најновиот априлски број на филипинското издание на „Вог“ се истакна со насловната страница на 106-годишната тату-артистка Апо Ванг-Од.

Во разговор со уредниците на списанието, Ванг-Од ја сподели својата приказна и истакна дека со задоволство продолжува да ги тетовира симболите на племето Калинга на луѓето кои ја посетуваат во Бускалан.

Насловната страница на „Вог“ привлече внимание на друштвените мрежи, а многумина ја прогласија за најдобрата насловна на сите времиња.

Се разбира, Апо Ванг-Од е најстарата личност која позирала на насловната страница на „Вог“, што допринесе кон нејзиниот култен статус во светот на модата.

„Кога ќе дојдат посетители од далечните земји, јас со задоволство им тетовирам обележја од Бускалан и Калинга. Ќе го правам тоа додека сум жива“, изјавила Апо за познатото списание.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.