Фестивал на светлината во Скопје (ГАЛЕРИЈА)
Во Скопје од 29 мај до 1 јуни се одржува второто издание на фестивалот на светлината „Скопје лајт ап дистрикт“.
Оваа година на скопските улици се поставени 18 инсталации на различни локации во Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар.
3Д мапингот и уметничките инсталации се вклучуваат во 21:30 часот, а во чил зоната која се наоѓа на кејот на Вардар секој ден има и забава со диџеј.
Во продолжение погледнете како изгледа Скопје овие денови: