Низ објективот
Хит прослава во скопската Зоолошка – Лила почести со мекици за новородените Пабло и Петко! (ВИДЕО)
Водителката Лила Филиповска реши на несекојдневен начин да го одбележи радосниот момент – нејзината имењачка, пингвинката Лила, стана мајка на две малечки пингвини!
Следејќи ја традицијата, Лила почести со мекици во скопската Зоолошка градина, делејќи ја радоста со вработените и посетителите. Настанот привлече големо внимание, а водителката сподели и видео од овој симпатичен гест на својот Инстаграм профил.