Низ објективот
ХУМАНА ИНИЦИЈАТИВА: Донирај коса за децата болни од рак (ФОТО)
Лицата болни од рак најчесто ја губат нивната коса за време на лекувањето со хемотерапија. За да им ја зголемат самодовербата, сè повеќе добротворни организации изработуваат перики од коса донирана од хумани личности.
– „Кога ни се пружи можност да помогнеме хуматитарно со донација на коса за децата болни од рак, тоа само ни ја зацврсти желбата да ја прошириме иницијативата и да ја подигнеме свеста кај многумина за таа тема.“ – вели Борјан Стојков, стилист во „Мое студио Дадар“, која е една од локациите каде можете да ја донирате својата коса.
Косата треба да биде здрава, небојадисана и подолга од 20 сантиметри, а оние кои се заинтересирани може да го посетат салонот на „Мое студио Дадар“, каде што Борјан професионално ќе им ја скрати и ќе ја донира нивната коса во хуманитарни цели, за децата болни од рак.
Од студиото велат дека им е голема чест и задоволство што можат да бидат дел од една ваква хумана акција и се благодарн на храбрите и хумани граѓани што учествуваат и ја имаат донирано својата коса.
– „Ваков несебичен и хуман потег го сметаме за почеток на нешто големо и се надевам дека со тек на времето ќе придонесеме некаква промена на сите што страдаат.“ – додава Стојков.