И НА ЖИВОТНИТЕ ИМ Е ТОПЛО: Сладолед со кромид е хит во Скопје ЗОО (ФОТО)
Сите бараме разладување плус во овие топли летни денови, а истата е ситуацијата и со животните во скопската зоолошка градина, кои се разладуваат со специјален рецепт на освежителен сладолед, кој се чини е хит помеѓу жирафите.
Има ли подобро разладување од сладоледот со кромид? Да, добро прочитавте.
„Сте виделе сладолед со кромид? Епа жирафите го обожаваат“, велат од ЗОО Скопје во својата објава на Фејсбук.