Ирина Шајк топлес во новата кампања на „Џими Чу“ (ФОТО)
Таа со причина ја носи титулата за најубава и најсексипилна жена на денешницата.
35-годишната Ирина Шајк повторно им подари сексипилни фотографии на фановите, позирајќи топлес на едно модно снимање.
Атрактивниот руски модел на својот инстаграм профил објави реклама за брендот за луксузни чевли Џими Чу на која од облека има, веќе погодувате, само чевли.
Шајк, на фотографијата која собра стотици илјади лајкови за само неколку часа, позира скоро гола на плажа само во ситна жолта танга и сандали со високи потпетици и со рацете ги покрива голите гради.