Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСКРЕНО СО КАТАРИНА РАДИВОЈЕВИЌ: „Го избрав потешкиот пат за да имам дете“

Низ објективот

ИСКРЕНО СО КАТАРИНА РАДИВОЈЕВИЌ: „Го избрав потешкиот пат за да имам дете“

ИСКРЕНО СО КАТАРИНА РАДИВОЈЕВИЌ: „Го избрав потешкиот пат за да имам дете“

Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв“. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера.

„На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нè пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: ‘Зоне не смее да доцни’, па ме пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога“, ни раскажа Катарина.

Првата улога ја добила на 11 години во серијата „Полицаецот од Петлово Брдо“, каде што ја глумеше ќерката на Љубиша Самарџиќ.

„Бев дете, ама секој ден се дружев со најпознатите српски глумци и тоа ми удри во глава. За среќа, моите родители веднаш ме спуштија на земја“, вели Катарина. Не биле пресреќни кога им кажала дека сака да биде актерка, ама ја запишале на часови по глума кај професорот Мика Алексиќ, кој неодамна беше обвинет за сексуално малтретирање.

„Тој навистина беше суров, строг во работата, ама јас бев дете и во тоа време мислев дека така треба. Кога слушнав што се случило, не се изненадив. Се гордеам на девојките што собраа храброст и јавно проговорија. Сепак, моето искуство беше поинакво, имаше и убави работи, а и научив многу од него“, се сеќава Катарина на почетоците.

Низ разговорот се потсети и на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, со кој стекна популарност во целата поранешна Југославија. Иако поминаа повеќе од дваесет години, таа со многу емоции раскажува како Драган Николиќ ѝ помогнал да ја добие главната улога. Но, не крие ни дека поради Зоне, во времето кога беше една од најпопуларните глумици, реши да остави сè и да се пресели во Америка, каде што никој не ја знае.

„Морав да побегнам од притисокот што го чувствував тука долго време. Се преселив во Лос Анџелес, одев на кастинзи, а улогите што беа како создадени за мене ги добиваа американски глумици. Се разочарав, сфатив дека филмската индустрија во Холивуд ги меле луѓето од Балканот“, рече таа за „Репортер“.

Зборувавме за родителите на кои им е особено благодарна за поддршката. Среќна е што никогаш не ја прашуваат кога ќе се мажи.

„Тие знаат дека не правам лесно компромиси во љубовта. Па кога до сега не најдов некој колку да се омажам, сега ќе избирам маж што ќе ми одговара во сè. Одамна замрзнав мои јајце-клетки ако еден ден решам да имам дете. Не го правев тоа со хормонална терапија оти во мојата фамилија постои генетска предиспозиција за рак, туку одев по потешкиот пат“, раскажа глумицата.

Со Катарина зборувавме за сè: од новиот филм „Нечиста крв“ до почетоците на глумата, неубавите страни на популарноста, разочарувањето од Холивуд, улогите на Бродвеј, зошто ги тужи српските таблоиди и дали жали што не се преселила во Москва.

https://www.youtube.com/watch?v=jGrluWsuMbs&feature=youtu.be

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.