Низ објективот
Македонците го преполнија Букурешт – се пејат навивачки песни во центарот на градот (ВИДЕО)
Букурешт е полн со македонски навивачи – и покрај пандемијата со коронавирусот, илјадници Македонци овој викенд го преполнија главниот град на Романија за да ја бодрат Македонија на историскиот прв настап на Европското првенство.
Еден од присутните е и македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов кој вчеравечер диригирал со химната која ја пеела македонската „фаланга” во Букурешт. Како што јавуваат локалните медиуми, до доцните вечерни часови македонските навивачи пееле македонски песни во центарот во Букурешт во пресрет на историскиот меч.
За потсетување, македонската репрезентација денес со почеток од 18 часот го игра својот прв натпревар во групната фаза против репрезентацијата на Австрија.