Низ објективот
Мали мечиња фотографирани во националниот парк Маврово (ФОТО)
Националниот парк Маврово на својата фејсбук страница објави фотографија на две младенчиња од видот кафеава мечка, направена со помош на фотозамки.
Ова е реализирано во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис што се остварува во соработка со Македонско Еколошко Друштво.
Кафеавата мечка во Северна Македонија претежно живее во планинските области од западниот, централниот и јужниот дел на земјата, а повремено се јавува и во источните краишта. Бројната состојба е значајно подобрена во последните години, од 151 единка во 2010 на 471 единка во 2014 г.