Низ објективот
Манекенката со витилиго Вини Харлоу позира целосно гола за „Women’s Health“
Славната манекенка Вини Харлоу, која боледува од кожната болест наречена витилиго, неодамна позирала целосно гола за американското списание “Women’s Health”.
Од списанието испратија голема благодарност за нејзиното напорно дело да биде прва светска позната манекенка со витилиго и за тоа гласно зборува за кожните болести.
Во интервјуто за списанието, Вини позира целосно гола, носејќи само пар бели патики, а во интервјуто зборува за соочувањето со одбивањата во индустријата и за тоа како успеала да се пробие до врвот и покрај бројните осудувања.
– “Прекрасно е што можам да помогнам во поттикнување на самодовербата кај луѓето, без оглед на која општествена класа припаѓаат”, изјави Вини.