Низ објективот
Марко Новески го изеде во првата епизода на „Машки свет“ (ВИДЕО)
Официјално е! Во понеделникот започна проектот „Машки свет“, најновата емисија со уникатна и оригинална содржина наменета „за мажи“?! Емисијата е конципирана да има најразлични содржини, од гостувања на познати личности и нивната дегустација на екстремно лутите ајвари, до совети на стил и начин на живот преку вежбање и исхрана. Сега може да се дознаат сите финеси при избирањето на облеката, кој колку ќе го јаде од 1 до 10, но и по нешто за здравје и фитнес.
„Кога го чув концептот за емисијата, веднаш се пронајдов. Ми се допаѓа свежината која е предвидена да се внесе во медиумскиот етер и затоа прифатив за прв пат да учествувам во проект кој ќе се емитува на социјалните мрежи и YouTube. Мислам дека емисијата ќе понуди разноврсност од содржини, во кои секој еден ќе може да се пронајде“ – изјави водителот Димитар Атанасовски
Во првата епизода од #ЌеГоЈадеш на Димитар Атанасовски друштво му правеше ТВ и радио водителот Марко Новески кој машки издржа до најлутиот ајвар. А за тоа како го направи тоа може да видите на:
Иако „Машки свет“ само што започна, веќе утре, среда, ќе ја извадат втората епизода. По тоа што можевме да видиме од првата, сигурни сме дека нѐ очекува нешто многу уникатно.
Самата емисија објавува епизоди секој понеделник, среда и петок. Тие се поделени во неколку концепти каде во понеделник ќе се објавува #ЌеГоЈадеш, во среда во #МашкиСвет ќе гледате нешто повеќе за lifestyle и петок за здравје и фитнес во #ПодоброЗдравје со Жарко Батиќ.
Автори на емисијата се Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, продуцент е Синиша Илијевски, а во улога на водители се појавуваат Димитар Атанасовски и Жарко Батиќ.
И секако like, share & subscribe на:
https://www.youtube.com/channel/UCl_L6HFmWf3wXezzxkX-7Iw
https://www.facebook.com/MaskiSvet/