Низ објективот
Младата Сара Тасевска плени со својата скромност и уникатен стил на инстаграм
Навистина е реткост да се пронајде македонски инстаграм инфлуенсер кој изгледа светски, а во истовреме плени со својата искреност и скромност.
Таков е профилот на 17-годишната Сара Тасевска, односно @tasevska_12, ученичка во спортската гимназија во Скопје, чија позитивна енергија, свежина, непосреден пристап и стил го разбиваат сивилото на инстаграм.
Таа вели дека ја интересира модата, сака да биде модна дизајнерка, како и тоа дека ѝ е здосадено тоа што во Скопје гледа многу убави млади луѓе, но кои не обрнуваат внимание на својот стил. Едноставно немаат таков интерес и изгледаат како излезени од ситиот калап.
За себе вели дека постојано избира различни модни комбинации кои на прв поглед делуваат несоодветно.
– „Уште од мала ја сакам модата. Секогаш избирам стајлинг и комбинации во кои се чувствувам добро. Сакам да спојувам парчиња облека кои на прв поглед изгледаат неспоиви. Од тоа најчесто излегува добра комбинација.“ – вели Сара.
Од модните инфлуенсери најмногу и се допаѓа Оливија Палермо, додека отсекогаш омилена личност и била Џенифер Лопез.
– „Инфлуенсерите се влијателни личности кои ги креираат модните и козметичките текови. Тие се бренд амбасадори на новите производи.“- вели Сара која освен што има цел да биде модна дизајнерка вели дека секојдневно спортува.