НЕВЕРОЈАТЕН ЛУКСУЗ: Погледнете ги првите фотографии од хотелот на Кристијано Роналдо
За време на последните подготовки за настапот на претстојното европско првенство во фудбал ЕУРО 2020, Роналдо неуморно работи на завршните работи за свеченото отворање на еден од најлуксузните хотели во Мадрид, новиот „Pestana CR7 Gran Via“.
По модната линија на маици, долна облека, обувки и парфеми, Роналдо е пред стартот на нов бизнис кој е најголем досега.
– „Конечно одбројуваме до нашето отворање! Забавен начин на уживање во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте веднаш и бидете меѓу првите кои ќе го доживеат ова искуство!“, се пофали Роналдо на социјалните мрежи.
Стандардните соби чинат околу 215 евра од ноќ, а ако сакате да престојувате во CR7 апартманот, ќе мора да платите 690 евра за една ноќ.
Хотелот од 13 милиони евра ќе биде третиот хотел на Кристијано Роналдо, но прв во Шпанија, со оглед на фактот дека познатиот фудбалер веќе има два хотела во својата родна земја.
Хотелот на десет ката ќе има 168 луксузни соби. Деветиот кат ќе биде резервиран за оние кои не се гости на хотелот. Тука ќе биде сместен спортскиот бар.