Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„NEXT DOOR PARK HOTEL“ – нов хотел во Скопје со урбан и храбар стил (ФОТО)

Низ објективот

„NEXT DOOR PARK HOTEL“ – нов хотел во Скопје со урбан и храбар стил (ФОТО)

На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член – Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје.

Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.

На прес конференцијата која се одржа во просториите на новиот хотел се обратија сопствениците и генералниот менаџер на Parkland Hospitality Group и изјавија:

„Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони евра со која што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред 3 години” – изјави Енвер Малиќи, основач на групацијата Гемак, додека Алтин Малиќи, ко-сопственик во групацијата и главен виновник за успехот на веќе познатиот Park Hotel & Spa зборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:

„Next Door Park Hotel претставува еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со врвен квалитет и светски стандарди“.

Генералниот менаџер на хотелот, Панајотис Колокатис како долгогодишен експерт во областа ја сподели тајната за врвен квалитет и услуга: „Ова е доказ дека не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите нè препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука.“

Хотелот се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар на само еден чекор од сестрата компанија и веќе добро познатиот Park Hotel & Spa. Хотелот располага со 64 соби и има капацитет за 200 посетители. Секој тип на соба е засебна приказна и различен стил овозможувајќи им на гостите избор при нивното барање на сместување.

Веќе постоечкиот и добро познат Brick Eat, покрај досегашните улоги на место за забава и дружења отсега па натаму во нова улога и сосема ново руво, во чекор со сите светски трендови во секој поглед, од здрава и фит храна до вкусни медитерански специјалитети кои во комбинација со модерниот ентериер се искуство кое мора да се доживее. Раскошната тераса и амбиентот на самиот кеј, создава пријатни моменти и атмосфера дури и во најтоплите денови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.