Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ново омилено место за мода во Скопје

Низ објективот

Ново омилено место за мода во Скопје

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Ново омилено место за мода во Скопје

Изминатата година ни покажа колку имаме потреба од љубов, поддршка и колку всушност сме биле среќни кога сме можеле да уживаме во нашите секојдневни омилени нешта. Со почетокот на оваа 2021 година, во нашиот главен град, започнува една нова приказна која во фокусот ги става токму љубовта, поддршката и модата.

„Елена Лука го сака ГТЦ“, „Елена Лука го сака Скопје“ е пораката која модната куќа ја праќа со отворањето на новиот Showroom во центарот на градот, на првиот кат во ГТЦ (до кино Милениум).

Ова воедно е порака за љубов на сите оние кои со години ја следат работата на брендот, но и кон оние што допрва ќе станат дел од Елена Лука семејството, домашната модна сцена, уметноста…

Домашниот бренд создаде топол амбиент, кој ќе стане новото омилено место за мода и шопинг, со огромна понуда на секојдневни и свечени парчиња со препознатливата естетика.

Следејќи ги светските трендови при уредувањето на fashion showrooms, Елена Лука се одлучи за светол и отворен простор во кој ќе имате безбедно и пријатно шопинг искуство.

Вратите ќе се отворат в сабота, точно на пладне, а отворањето ќе биде во знакот на добро расположение, многу изненадувања и специјални понуди.

„Во ова време кога на сите ни недостасуваат убави нешта и подобро расположение, се одлучивме да започнеме нова модна приказна. Ве покануваме да бидете дел од едно ново шопинг искуство, да се свртиме кон љубовта и да уживаме во модата, домашниот дизајн и градот. Ќе бидат запазени сите мерки за заштита и комплетна безбедност, па ги замолуваме сите свои пријатели и клиенти да ги почитуваат основните безбедносни протоколи – задолжително носење маска и држење дистанца. Ве очекуваме, за заедно да ја поделиме среќата и да ја почувствуваме љубовта!“, порачуваат од брендот.

Отворањето на showroom во ГТЦ е продолжување на приказна на докажаниот бренд и надоврзување на успешното функционирање на продажните салони во Капиштец, Струмица и showroom Aerodrom, кои веќе со години градат една светска модна слика на домашната модна сцена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.