Низ објективот
„ОГНЕН ПРСТЕН“: Погледнете како изгледаше затемнувањето на Сонцето ширум светот (ФОТО)
Делови од светот, од Канада, преку Гренланд и Арктичкиот океан до Далечниот исток на Русија, имаа можност на 10 јуни да го набљудуваат прстенестото затемнувањето на Сонцето.
Ова беше првото од двете затемнувања на Сонцето оваа година.
Како што јавуваат светските медиуми, најдобар поглед на овој спектакл имало од Торонто, каде што Сонцето било покриено 80 отсто, а во Европа, од Рејкјавик (61 отсто). Над Велика Британија и Норвешка надмина 30 отсто.