Низ објективот
ПАПАРАЦО ФОТО: Џеј Ло и Бен Афлек „уловени“ како страсно се бакнуваат во ресторан
„Бенифер“ – интернет кованицата за новиот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек и официјално беше потврдена со бакнеж, па сега повеќе нема сомнежи за враќањето на старо-новата љубов.
На папарацо фотките кои ексклузивно ги објави „Њујорк пост“ се гледа како Џеј Ло и Афлек се бакнуваат додека се на интимна вечера во суши-ресторанот „Нобу“ во Малибу, Лос Анџелес.
Видеото, кое за кратко стана хит низ американските таблоиди, се гледа како Бен и Џеј Ло разменуваат сочни бакнежи, а во еден момент Афлек започна да ја бакнува пејачката по вратот.
Според снимката, вечерата била семејна бидејќи таму биле и децата на пејачката. Но, дури и тие не можеа да го одвлечат вниманието на парот кој цела вечер не го тргнаа погледот еден од друг.
За потсетување, Бен и Џенифер се верија пред 17 години, а оваа година во април повторно почнаа да се гледаат. Некогаш популарната двојка медиумите ја нарекоа Бенифер, а медиумското внимание во кое сега уживаат изгледа дека воопшто не им пречи.
https://www.youtube.com/watch?v=jIIUSEI5-Mg&feature=emb_title