Низ објективот
Парк Хотел и Спа прослави три години успешна работа (ГАЛЕРИЈА)
Во присуство на стотици гости, пријатели, партнери и соработници, викендов со гала настан, групацијата Паркленд прослави три години од отворањето на Парк Хотел и Спа, посакувајќи му добредојде и на новиот член на семејството, неодамна отворениот хотел Next Door Park со 4 ѕвездички.
Паркленд заокружува три години од своето постоење со импресивни бројки: 2 хотели од светска класа, повеќе од 50.000 ноќевања и гости кои ги одбраа Парк Хотел и Спа и Некст Дор Парк како свој втор дом, од кои 95% се гости од странство, над 1800 одржани настани и број на вработени кој порасна од скромни 90 за двојни повеќе во последнава година, бројка што ќе продолжи да расте.
На гала настанот кој се одржа на терасата на комплексот на Парк Хотел и Спа гостите ги забавуваа познатите музички артисти Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Туна, Дарио и бендот на Леона Таќи.
Следејќи ја својата визија за општествено одговорно делување, Паркленд од своето постоење континуирано реализира и поддржува проекти кои имаат значаен придонес во заедницата. Оваа година, по повод годишнината, Паркленд одлучи да донира средства за јакнење на културно-уметничките вредности и опусот на домашните уметници, упатувајќи силна порака дека обврската за зачувување, негување и јакнење на работата на домашните уметници е обврска на сите нас.
Во контекст на ова, во рамките на настанот беше организирана и продажна изложба на уметнички дела од македонски ликовни уметници, а дел од средствата од продажбата ќе бидат дополнително донирани на Одделот за едукација при Музејот за современа уметност, наша значајна национална културна институција која треба да се развива со многу поголем интензитет и дополнително да работи на поттикнување на духот на македонските уметници и културно-уметничката сцена генерално.
“Три години гордост и огромна благодарност до сите кои се дел од оваа приказна. Успешна компанија е онаа компанија која го користи својот статус за да може да направи импакт во општеството и да помогне онаму каде што е најпотребно, без разлика дали се тоа ранливи категории или различни општествени сфери. Токму тоа го правевме во изминативе години и тоа во континуитет. Оваа година сметавме дека треба да дадеме поттик на еден домен и институција на која навистина и треба поддршка, а тоа е Музејот за современа уметност. Кога велиме Музеј, мислиме на давање дополнително поле за едукација, промоција и поддршка на македонските уметници, во нивниот пат и искачување на уметничката сцена, онака како што тие тоа го заслужуваат. Со нашата донација сакаме да потсетиме дека нашата земја има големо културно богатство со кое навистина треба сите да се гордееме.” – истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците и главните визионери на Паркленд во своето обраќање до присутните на настанот.
Упатувајќи искрена благодарност кон сите вработени, сопствениците и менаџментот посочија дека овој успех се должи на исклучителната посветеност и напорна работа на тимот кој стои зад оваа успешна приказна.