Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Паркленд“ одбележа 4 години од своето постоење

Низ објективот

„Паркленд“ одбележа 4 години од своето постоење

Вчеравечер во Ресторанот Four, во присуство на многубројни гости, пријатели и соработници, Паркленд ја одбележи 4та година од своето постоење.

На големо задоволство на присутните, со свој соло перформанс во живо настапи светски познатиот виртуоз Влатко Стефановски, продолжувајќи во текот на вечерта со музика во живо со Леана Таќи и пијано и саксофон дуото Никола и Гордан.

4 неверојатни години Парк Хотел и Спа, 1 година од отварањето на Next door park хотел, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, под капата на Parkland Hospitality Group, како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимската работа, визија која ја дели целиот тим и успешното чекорење низ сите искушенија и предизвици.

На присутните вечерта им се обрати генералниот менаџер на Паркленд – господинот Панајотис Колокатис, кој заблагодарувајќи им се на присутните напомена:

– „Паркленд семејството никогаш не престана да чекори напред. Сите поминуваме низ сосема различни околности и нова нормалност периодов, и приватно и професионално, но се додека го користиме овој и секој нареден предизвик како нова можност за напредок и созревавање, успехот е неминовен. Кога велам успех мислам на сите наши вработени, нивната пасија и посветеност и во добри и во тешки мигови, на сите наши клиенти, гости и партнери кои беа со нас и ни ја доверија лојалноста. Голема благодарност за сите. Одиме понатаму.”

Паркленд Хоспиталити Груп во изминатиов период интензивно работеше на имплементирање на сите безбедносни протоколи според светски стандарди, со цел на своите клиенти да им овозможи како и досега, максимална сигурност, безбедност и поддршка за сите нивни потреби.

Сите аутлети работат непречено како и досега, со многу новитети во работењето, пред се зајакнати механизми и платформи за подобра контрола на работењето, согласно пропишаните стандарди.

Паркленд и во иднина останува синоним за пионерство во хотелиерството и угостителството, одејќи во чекор со потребите и побарувачките на гостите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.