Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пет за Pет со нова сезона на специјализираното шоу за домашни миленици на Алфа Телевизија !

Низ објективот

Пет за Pет со нова сезона на специјализираното шоу за домашни миленици на Алфа Телевизија !

Пет за Pет со нова сезона на специјализираното шоу за домашни миленици на Алфа Телевизија !

Веќе подолго време недостасуваше емисија во етерот од овој карактер. По кратка пауза на екраните од недела (13 октомври) старува новата сезона на Пет за Pet. 

Пет за Пет содржи многу интересни и едукативни содржини со пет основни и повеќе под рубрики меѓу кои се: Во рубриката Мојот миленик претставуваме јавни личности со нивните миленици, рубриката ЗОО енциклопедија е рубрика во соработка со Скопската ЗОО, во која претставуваме секоја емисија по едно животно од зоолошката градина. Многу корисни информации и совети за домашните миленици се составен елемент од рубриката Пет Ветеринар, а секоја емисија ве запознаваме и со нова раса на куче во рубриката Пет педигре. Посебно внимание посветуваме на здруженијата за заштита на животните со нивна ТВ промоција во рубриката Пет заштита.

Емисијата нуди и многу други содржини, како репортажи од Кинолошки и други Манифестации, наградни игри, рубрика за вдомување на бездомни миленици и уште многу други интересни содржини.

Уредник на емисијата е познатиот афирмиран кинолошки одлгедувач, голем љубител на домашни миленици и активист за правата на животнисте кај нас – Стефан Кирков.

Водител на емисијата е Оливера Петрушевска – радиски водител. Емисијата ќе се емитува премиерно секоја недела во 10:00 часот и репризно издание во еден дел од неделата на Алфа Телевизија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.