ПО РОМАНТИЧНОТО ПАТУВАЊЕ: Ирина Шајк бега од папараците (ФОТО)
Откако стана интернет хит со романтичното патување со раперот Кање Вест, познатата манекенка Ирина Шајк се врати во Америка каде е главна цел на папараците.
Новата холивудска двојка – Ирина Шајк и раперот Кање Вест, го прославија роденденот на раперот на романтичен одмор во Прованса, а папараците го снимија парот на прошетка, со што ги потврдија шпекулациите.
Гласините за врската помеѓу 35-годишната Ирина и 44-годишниот Кање почнаа на крајот на минатиот месец, паралелно додека трае разводот со познатата старлета Ким Кардашијан со која раперот беше речиси седум години во брак.
Ирина Шајк овојпат успеа да им избега на папараците, прикривајќи ја главата со својот дуксер.