Низ објективот
Принцот Луис го прослави својот петти роденден со нова фотографија на Инстаграм (ФОТО)
Принцот Луис, најмалиот син на принцот Вилијам и принцезата Кетрин, го прослави својот петти роденден.
Овој пат, фотографиите за одбележување на неговиот роденден ги направи фотографката Мили Пилкингтон, а не неговата мајка како што е традицијата.
Според објавите во медиумите, принцот Луис ќе ги придружува братот Џорџ и сестрата Шарлот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое е закажано за 6 мај. Тој не присуствуваше на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија, бидејќи бил сметан за премлад.
Принцот Луис е четврти во редот за тронот.