Низ објективот
ПРОТОКОЛОТ Е ПРЕКРШЕН: Пандев и Ангеловски фотографирани на вечера со семејствата
Оваа година на европското првенство постојат строги правила и протоколи, посебно поради актуелната пандемија со коронавирусот, а еден од тие протоколи е дека фудбалерите не смеат да имаат контакт со други луѓе пред и додека трае првенството.
Но, тоа не е случај со нашиот селектор Игор Ангеловски и капителот Горан Пандев, кои вчеравечер, по поразот од Украина, биле уловени од романските медиуми како го напуштиле карантинот и вечерале во елитен ресторан во романската претстолнина.
Инаку, според строгите протоколи на УЕФА за Европското првенство предвиден е најстрог „карантински меур“ за фудбалерите, за да се заштитат од коронавирусот, па се уште останува нејасно дали УЕФА ќе преземе некакви мерки против капитенот и селекторот.
Ексклузивните фотографии ги објави романскиот портал „Про-спорт“, каде што Пандев и Ангеловски заедно со семејствата се уловени во еден од најлуксузните ресторани во Букурешт, во комплексот Херастау додека останатите репрезентативци останаа во хотелот во „Мериот“.