Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Роденден за кој сите зборуваат: Магазинот „Убавина и Здравје“ славеше со преку 400 гости! (ФОТО)

Низ објективот

Роденден за кој сите зборуваат: Магазинот „Убавина и Здравје“ славеше со преку 400 гости! (ФОТО)

Вчеравечер во луксузниот хотел „Мирор“ во Скопје, магазинот „Убавина и Здравје“ го прослави својот 14. роденден на која присуствуваа преку 400 гости.

Роденденската забава започна уште во 19 часот, а траеше до полноќ. Гостите ги забавуваше „Попарт бенд“ и Бока Конга&Баже Сакс кои направија одлична атмосфера.

Пред присутните се обрати уредничката на „Убавина и Здравје“, Јована Стојменовиќ која ја отвори вечерта и на присутните им посака да уживаат и да се забавуваат вечерта.

Исто така на почетокот од забавата, магазинот додели 10 награди за општествена одговорност, хуманост и активизам, а помеѓу наградите беа:  Фатмир Етеми – ЗСФ КОМ, потоа бизнисменот Владимир Стајиќ, компанијата А1 Македонија, Есенса Македонија, здружението „Љубезност“, Мариа Дуда Дибиаџио, Борче Стаменов со иницијативата „Донирај компјутер“, активистката Дороти Пачкова, Ѓоко Митровски од „Слајс“ и Моника Ризова од Ways2Help.

Инаку вчера присуствуваа и голем број познати личности од јавниот живот, пејачи, водители, новинари, бизнисмени, преставници на компании и уште многу други.

Погледнете дел од забавата:

This slideshow requires JavaScript.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Низ објективот

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.