Шон Мендез и Камила Кабељо уживаат во Мајами – фановите шокирани од целулитот на познатата пејачка
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од можеби еден од најславните холивудски парови – славната „сењорита“ Камила Кабељо и нејзиното момче Шон Мендез, кои уживаат на плажите во Мајами.
Но, и покрај фактот што важат за еден од најжешките парови, луѓето ја нападнаа познатата пејачка со многу непристојни коментари за нејзиниот изглед.
24-годишната Камила носеше бикини со син принт, а нејзината фигура стана мета на многу коментари. Иако се протнаа бројни негативни критики, многумина искажаа одушевување од нејзиниот природен изглед и порачаа дека убавината не е „рамка“ постигната со корекции.
– „Ви благодарам за љубовта која ми ја испративте вчера и денес. Ве сакам сите.“, изјава пејачката, без да потенцира дали е тоа коментар поврзан со негативните критики поради објавените фотографии.