Низ објективот
„Скопје е нашиот маратон“ – урбана градска патека за трчање во центарот на градот (ГАЛЕРИЈА)
За првпат оваа година од 19ти мај до 19 јули, во центарот на Скопје, Sportmaster во покровителство со Град Скопје го организира „Скопје е нашиот маратон”.
“Скопје е нашиот маратон” е урбана градска патека во централниот дел на Скопје, која што мажи, жени и деца ќе може да ја користат за трчање или прошетка, поминувајќи покрај најзначајните скопски знаменитости. Патеката е означена со патокази за полесно движење.
Патеката воедно ќе има и натпреварувачки карактер, затоа што сите учесници ќе може преку било која апликација за трчање (пр. Strava), да го измерат своето време и да го пријават својот резултат. Сите учесници добиваат награди (влезници, маици, книги, ваучери итн.), а најдобрите тројца добиваат Sportmaster Premium месечни пакети.
Со овој настан сакаме да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостаток на физичка активност.
Ги повикуваме сите спортисти и рекреативци да ја истрчаат нашата урбана патека и да го споделат своето искуство со своите блиски и пријатели!
Грижи се за своето здравје, истрчај ја патеката, пријави го твојот резултат и добиј награда!
Повеќе за целиот настан можете да прочитате на: https://sportmaster.mk/maraton