Низ објективот
Скопје обоено во боите на виножитото (ФОТО)
Скопје денеска беше обоено во боите на виножитото во чест на „Скопје Прајд“, односно втората по ред Парада на гордорса, која е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Неколку стотици учесници, меѓу кои и естрадни уметници и политичари – претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Пендаровска, министерките Радмила Шекеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска и Ирена Стефоска, парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.
Вчера преку објава на Фејсбук парадата ја поддржа и премиерот Зоран Заев.
Низ скопските улици се носеа и транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“.
Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“.