Низ објективот
За првпат во 30 години, Индијците можат да ги видат Хималаите (фото)
Како што се намалува нивото на загадување во целата држава, жителите на Индија, имаат можност да уживаат во снежните врвови на Хималаите. Ова е резултат на глобалната светска здравствена криза во која скоро 80% од светското население е во самоизолација.
Социјалните мрежи се преплавени од воодушевените граѓани, а за дел од нив ова е прва ваква глетка во животот.
„Никогаш го немам видено венецот Дауладар од мојот дом во Јаландар. Никогаш не помислував дека тоа е можно. Јасно обележје за влијанието на загадувањето врз мајката Земја“, напишал еден индиски крикет играч.
Индија е држава со околу 1,3 милијарди жители, а од 22-ри март во државата има национален карантин, кој ќе трае до 14-ти април. Строгите мерки и ограничувањата на движењето се критикувани, најмногу поради лошото влијание врз економијата.
Но, мерките очигледно го решаваат проблемот со загадувањето во Индија, која е една од најзагадените држави во светот.
Слична ситуација била забележана во неколку држави, вклучувајќи ја и Кина.
Европската вселенска агенција извести дека уште на крајот на јануари е забележано намалување на загадувањето во Кина, а од почетокот на карантинот, нивото на азотен диоксид се намалило за околу 40%.