ЗАСЛУЖЕН ОДМОР: Вики Миљковиќ по финалето на „Ѕвездите на Гранд“ отиде на Кипар кај Цеца
Менторката Вики Миљковиќ вчеравечер имаше навистина тешка задача во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, затоа што имаше дури три кандидати кои се натпреваруваа за големата титула.
По се изгледа дека по финалето на Вики и требало одмор, па по крајот на шоуто кое беше во раните утрински часови, Вики веднаш заминала на одмор, и тоа не било каде, туку кај својата кума Цеца на Кипар.
Според фотографиите кои се споделија на социјалните мрежи, Цеца била пресреќна што Вики заедно со фамилијата (сопругот и синот) пристигнале во нејзината луксузна вила.
Како што се гледа на „стори“-то, Вики во прегратка го држи малиот Жељко, кој цело време се смешка, а Цеца го прашува дали му е убаво кај кумата.