Низ објективот
Згодниот Андреј ќе ја претставува Македонија на „Мистер Пацифик Универс“
22-годишниот Андреј Боцевски од Скопје ќе ја претставува Македонија на интернационалниот избор „Мистер Паџифик Универзс“ кој ќе се одржи во февруари 2021 година во Перу, Јужна Америка.
Андреј е висок 188 см, тежок 78 кг и тренира боречки вештини. Во моментов е официјален модел за повеќе македонски брендови, а работи и во казино Фламинго Скопје.
Тој вели дека е среќен што ја има честа да ја претставува Македонија на еден ваков престижен натпревар.
Во продолжение, погледнете дел од неговите фотосесии: