Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ноќта кога најстрашните суштества шетаат низ улиците на Клагенфурт

Занимливости

Ноќта кога најстрашните суштества шетаат низ улиците на Клагенфурт

Што ќе кажете за страшните суштества со вжарени црвени очи, нечисто крзно, рогови, кои тепаат луѓе со стапови и крадат деца за подоцна да ги изедат? Едно од таквите суштетства е крампус, ѕверски демон што во текот на ноември и декември ги прогонува луѓето во средна Европа.

Некои велат дека крампус поттекнува уште од времето пред христијанството, кога се обожувале духовите на природата, а католичката црква го претвори во ѓавол. како суштество кое избегало од канџите на пеколот.

Но, што и да бил, крампус игра важна улога во периодот околу деновите на Свети Никола. Влакнестото суштество ги плаши децата со неговата метла од бреза или ги става во вреќа и ги краде, па потоа бега со нив. Како и да е, ова страшно суштество има свои „следбеници“ и во негова чест во поголем број држави околу Австрија во ноември и декември се оддржуваат свечености.

Во Австрија, Баварија, Јужен Тирол во Италија, Словенија, Хрватска и во некои делови на Унгарија, Свети Никола се слави со паради и поворки каде момчињата маскирани во страшни суштества ги плашат сите насобрани, креваат врева и ги плашат.

Во Австрија славењето на крампусот од селска забава се проширил во вистински фестивал на кој доаѓаат многу туристи од сите делови на светот. Токму Австрија е земјата каде крампусот е најпопуларен, а психолозите и училиштата ја разгледуваат можноста за забрана на тие фестивали на страшните суштества, пред се, поради децата кои со денови не можат да дојдат на себе од стравот и страшните слики.

Во Клагенфулт, град што се наоѓа на само 14 километри од овој музеј некаде меѓу Инсбруск и Виена, се оддржува најголемиот фестивал на крампусот во светот: Крампуслауф.

Иако бројките варираат, се шпроценува дека од година во година околу илјада страшни суштества на тој ден парадираат по улиците на Клагенфурт. Во крампуси се маскираат голем број мажи, момчиња во раните 20-ти години. Паганската духовност е дел од оваа традиција.

И додека некои момчиња се препуштаат на уживањето во алкохолот, за што побрзо и подобро да се забавуваат, други се препуштаат на влијанието на дрогата за да достигнат втора духовна состојба и што се повеќе се доближат со нивнот алтер его. На фестивалот Крампслауф во Клагенфут секоја година присуствуваат бројни екипи од околните држави.

На главната улица се движи поворката со страшните суштества, кои со синџири, метални прапорци и другите предмети создаваат страшна врева. Неретко се случува да земат и некој присутен од публиката и добро го претепаат, затоа што на тој ден тоа им е дозволено. Целата поворка е следена од  гласна музика, а станува збор за хеви метал.

Многумина сметаат дека станува збор за натпревар во костими и покажување машкост., но тоа всушност не е така, иако некои костими многу се тешки за иарзботка и се импресивни. Станува збор за традиција која својот живот им го должи на момчињата кои секој момент ќе го искористат за добра забава.

Последните неколку години младите момчиња во свое друштво ги пуштија и жените, кои се облекуваат како Першта, паганската божица од германско потекло.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.