Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ноември најевтин месец за патување – каде да заминете?

Ви препорачуваме

Ноември најевтин месец за патување – каде да заминете?

Во ноември во туристичката индустрија владее најтешка борба за издавање што поголем број соби и резервации на што поголем број седишта. Со други зборови, ова е поволен период за сите оние кои имат време некаде да патуваат.

Многумина, сепак немаат идеја каде би можеле да го поминат одморот, затоа што ноември секогаш го поврзуваат со облаци, дожд и ниски температури. Но некои места се најубави токму во 11. месец од годината. Еве каде би можеле да патувате.

Венеција

Со цел ништо да не му пречи на вашето уживање во овој град потребно е да го планирате патувањето тогаш кога има најмалку шанси за поплави, бидејќи тие се чести во овој период од годината Есента во Венеција носи многу магла, така што може да ве фасцинираат мистичните сцени, групите туристи одамна си заминале, а ако паѓа дожд секогаш можете да влезете во некои од најдобрите музеи во светот.

Севиља

Севиља е еден од најтоплите и најсончевите европски градови – просечната температура во ноември изнесува 20 степени Целзиусови, со пет сончеви часови дневно. Севиља исто така е идеална за кратки посети – храната е одлична, има боженствена архитеткурата, богата колекција на музеи, а шопингот дава посебно задоволство.

Барбадос

Иако на Карибите во ова време и понатаму постои шанса за појавување на ураган, многу се ретки во ноември, а особено на Барбадос кога временските услови се смируваат пред долгата, сончева зима. Впрочем каде и да одите пости можност дека ќе врне дожд, а тука во ноември секој ден во просек има осум сончеви часови.

Тенерифе

Летото одамна е поминато, но до божиќните празници има уште шест недели – есента се уште е блага, а голем број хотели заради големата конкуренција нудат најповолни цени за сместување во годината. Температурата на воздухот во просек изнесува 21 степен, температурата на морето 22 степени, а можете да очекувате шест часа светлина дневно.

Кејптаун

Доколку ви е доста од есен или зима, секогаш можете повторно да ја почувствувате магијата на пролетта во Кејптаун. Ноември тука е сличен како мај, па така денот во просек има дури десет сончеви часови, а температурата достигнува до 21 степен. Дрвјата жакаранде се во цут, па можете да направите неколку преубави фотографии пред да се упатите  кон планинските венци долж Индискиот Океан, познати како „Garden Route“  – во прашање е една од омилените туристички дестинации во Африка.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.