Занимливости
Норвешка гради прв тунел за бродови во светот
Норвешка планира наредната година да почне со изградба на првиот тунел за бродови во светот, долг 1.700 метри, кој би требало да биде изграден до 2023 година.
Тунелот ќе биде таков што преку него ќе можат да минуваат крузери и товарни бродови до 16.000 тони.
Тој ќе има ширина од 36 метри и исија од 9 метри, а се очекува дека изградбата е чини најмалку 2,7 милијарди дански круни (314 милиони долари).
Тунелот ќе биде сместен на најужната точка на полуостровот Стад, каде временските услови со децении претставуваа пречка за пловидба.
Според планот, приоритет ќе има патничкиот сообраќај, но и други бродови ќе имаат право да минуваат низ тунелот, додека преминот за броови покуси од 70 метри ќе биде бесплатен.