Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов член на фамилијата тост лебови на Жито Лукс: Млечен леб

Магазин

Нов член на фамилијата тост лебови на Жито Лукс: Млечен леб

Жито Лукс повторно им излезе во пресрет на своите потрошувачи, преку создавање на уште еден вкусен тост леб. Новиот млечен тост леб е направен од квалитетно бело брашно и млеко, што му дава богат вкус и неодолива мека структура.

Лебот може да се комбинира со благи или солени намази и додатоци, да се комбинира со главните јадења, или пак да се консумира како закуска,со што претставува идеален избор за секој член од семејството, но поради неодоливо миризливата нота на свежо и вкусно, Млечниот тост леб најмногу ги задоволува апетитите на најмладите.

Неодоливиот млечен вкус ја задржува свежината подолг период, без употреба на конзерванси. Млечниот леб веќе е достапен во продажба по промотивна цена.

„Сакавме на нашите потрошувачи да им понудиме нешто ново и иновативно, кое сепак ќе го содржи нашиот традиционален вкус по кој сме препознатливи со децении наназад. Се надеваме дека лебот ќе им се допадне на сите генерации и дека ќе стане нивна омилена закуска, особено на најмладите и нивната секојдневна потреба од здрава и вкусна храна. Жито Лукс ќе продолжи да претставува нови вкусови на пазарот, со цел да ги задоволиме барањата на сите купувачи”, изјавиja од Жито Лукс.

Млечниот леб се придружува на богатата понуда на тост лебови од Жито Лукс, во чиј состав се и пченичниот бел, лебот со рж,пченичниот леб со микс од зрна, пченичниот интегрален леб, пченкарниот,како и лебот со путер бриош.

Компанијата Жито Лукс постои веќе 69 години на македонскиот пазар. Нивниот рецепт за успех се љубов, посветеност, врвна пекарска вештина и најквалитетни суровини за производство на леб и брашно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.