Магазин
Нов козметички бренд во парфимериите „Анабела“ во Сити Мол
Парфимериите Anabella со задоволство ја најавуваат промоцијата на козметиката Bobbi Brown во Македонија, единствено и ексклузивно во парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол.
Од 25 февруари (сабота) и потрошувачите во земјава ќе имаат можност и самите да ја откријат убавината на овој светски познат козметички бренд.
Bobbi Brown Cosmetics е основан далечната 1991 година од страна на Боби Браун, жената мејкап артист која решила да влезе во претприемачките води. Својата работа ја започнала со презентирање 10 кармини и имала едноставна мисија – да ја нагласи, а не да ја прекрие природната убавина на жената. Водејќи се од мотото „Биди тоа што си“ (Be Who You Are), брендот се фокусира на тоа да создаде вистинска шминка која на жените ќе им даде самодоверба и знаење со кои ќе изгледаат и ќе се чувствуваат најдобро.
Денес, Bobbi Brown Cosmetics е глобален бренд, присутен во 73 земји и во повеќе од 100 продавници во светот. Познати професионални шминкери ја користат токму оваа шминка, козметика и четките за шминкање, нагласувајќи дека од нив нема подобри. Истите тие професионални шминкери, славни личности и луѓе кои го создаваат стилот го ценат уникатниот пристап на брендот кон убавината и способноста да ги трансформираат најновите трендови во прифатени, долготрајни стилски решенија.
Боите, текстурите и техниките се создадени за жените од сите возрасти и етнички групи, со што нудат потполна и моќна дефиниција за убавината. Едноставно е: бидете тоа што сте.
Оваа козметика нуди широка палета на бои, козметички производи, четки, аксесоари, мириси и производи за нега на кожата. Пудрите, подлогата за шминка и коректорите се достапни во неколку нијанси и тие делуваат природно на секој тип на кожа. Боите за очи, образи и усни се безвременски и создадени за да бидат суптилни или драматични, зависно од вашите желби. Четките за шминкање се наменети и за професионалците и за секојдневна употреба, а секоја четка е изработена рачно. Колекцијата за нега на кожата е дополнета со есенцијални масла и помага кожата да стане беспрекорна пред шминкањето.
Самиот бренд нуди бројни „How Tо…“ видео туторијали, со што им помага на своите потрошувачи да ги совладаат техниките на шминкање, помагаат при изборот на одредена шминка и даваат совети од нивните професионални шминкери.
Уште само неколку дена, и од оваа сабота самите ќе се уверите зошто Bobbi Brown Cosmetics се навистина посебни.