Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова инвестиција во Крушево – отворена етно гостилницата „Крушевска одаја“

Магазин

Нова инвестиција во Крушево – отворена етно гостилницата „Крушевска одаја“

Највисокиот град на Балканот, Крушево, од секогаш се гордее со историјата што ја носи на свои плеќи. Но деновиве, може да се пофали и со простор во кој што се спојуваат македонската традиција и влашката култура.

„Крушевска одаја“ е етно гостилница на познатото Гумење. На менито традиционални рецепти дополнети со ексклузивни специјалитети како крушевска пита, питулици со лук, крушевската сабја и познатиот крушевски колбас.

Новоотворениот објект располага со 120 места и се наоѓа зад спомен куќата на Тоше Проески. Идеален е за семејни ручеци и вечери но и за поголеми фамилијарни прослави. Атмосферата секој викенд е збогатена и со музичка програма. На репертоарот скоро секогаш се наоѓаат легендарни македонски песни и певливи македонски рефрени.

Веќе на 16 август, со почеток во 20.00 часот, во овој традиционален амбиент на „Крушевска одаја“, локалците но и сите случајни или намерни туристи во овој македонски планински бисер, ќе можат да уживаат во песните на една од најпопуларните македонски пејачки во моментов, Елена Велевска. Влезот е бесплатен задоволството непроценливо.

Крушево е синоним за храброст и истрајност, „Крушевска одаја“ пак манифест за добра храна! Вљубете се во Крушево…

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.