Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова колекција од пет машки парфеми на Луј Витон

Занимливости

Нова колекција од пет машки парфеми на Луј Витон

Новата машка колекција од пет парфеми на Луј Витон се концепт на познатиот дизајнер Жак Каваље. Нуово Монде, Л’Именсите, Ораж, Ау Хасард и Сур ла Рут се мириси кои се инспирирани од патувања. 

Ораж, што значи „грмотевица“ има земјен мирис на пачули и ирис и ноти на бергамот и дестилиран јапонски ветивер. Нуово Монде (Нов свет) е мешавина од какао од Брегот на Слоновата Коска, со мошус и шафран.

Мирисот Сур ла Рут, чие име на француски значи „на пат“, е микс од сочни калабриски лимони со кедар, перуански балзам, пикантен розов бибер и мускатно оревче. Ау Хасард, што во превод значи „случајност“, содржи сандаловина од Шри Ланка, семе од цвет на амбрета и крушка.

Л’Именсите (Бескрај) е мешавина од горчлив грејпфрут и ѓумбир со лабданум и ќилибар и ноти на жалфија и рузмарин.

Парфемите ќе се најдат во продажба од 31 мај.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.