Видео
Нова криминалистичка драма на „Еј-екс-ен“ од оваа есен
Новиот трејлер за серијата „Absentia“ која се емитува на каналот Еј-екс-ен, каде во главната улога игра српската актерка Стана Катиќ, беше официјално претставен на фановите ширум светот.
Приказната на серијата е агентот на ФБИ, Емили Бјурен, која исчезнува без трага ловејќи вистински сериски убиец, па поради тоа е прогласена за мртва.
Шест години потоа е пронајдена во шумска колиба, едвај жива, но без сеќавања за тоа што и се случило.
Регионалната премиера на оваа криминалистичка драма „Absentie” е планирана за оваа есен ексклузивно на каналот „Еј-екс-ен адриа“.