Магазин
Нова лоиви-чанта во форма на слон
За оние кои бараат нов, поинаков моден детаљ, шпанскиот бренд „Лоиви“ ја нуди својата најнова кожена чанта во форма на слонче, како дел од колекцијата есен-зима 2018.
Чантата е изработена рачно од бела кожа и има црвени и сини линии, како и втиснат број 22, што, пак, и дава спортски изглед.
Од дизајнот се забележливи и црн лакиран раб, полиран сребреникав патент и кожено ремче што се вади.
Цената изнесува 1.493 долари.