Занимливости
Нова Марлборо понуда произведена во Македонија
Компанијата формирана како стратешко партнерство меѓу Philip Morris International и Тутунски Комбинат Прилеп продолжува да носи новости на македонскиот тутунски пазар.
Неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), заедничката компанија Филип Морис ТКП започна со производство на една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија.
Marlboro Flavor Plus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на ТКП кои беа дополнително зајакнати и модернизирани со поддршка на стратешкиот партнер, Philip Morris International.
Според Генералниот менаџер на Тутунски Комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plus е многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на Philip Morris International, Bond Street.
– „Модернизацијата на фабриката беше клучна за новите потфати. Значително го подобривме квалитетот и ефикасноста на производството. Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, но и голем чекор за Македонија”, додаде Дерменџиев.
Marlboro Flavor Plus е иновативен производ, кој содржи 3-зонски филтер со тутунски дел. Пакувањето на производот има подобрена заштита со неговиот патентиран систем за отворање и е меко на допир. Достапно е на пазарот по цена од 130 денари.
Од друга страна пак, Marlboro Fine Touch XL е првата тенка цигара понудена од Марлборо во Македонија, дизајнирана да има послаб мирис поради нејзиниот уникатен микс, а со цена во малопродажба од 90 денари.