Видео
НОВА РЕКЛАМА ЗА СКОПСКО: „Да го направиме понеделникот петок…и да уживаме во секој момент од животот!“
СКОПСКО, секогаш автентичен и свој, со најновата ТВ реклама уште еднаш го отсликува нашето секојдневие, гледајќи низ позитивна призма полна оптимизам за убавите нешта околу нас.
Приказната во ТВ рекламата ни ја раскажува еден од најпознатите македонски актери, Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.
Новата СКОПСКО реклама нѐ поттикнува да ја гледаме позитивната страна на нештата:
– „ТВ рекламата на СКОПСКО која за прв пат ви ја претставуваме денес, пренесува инспиративна, јасна и искрена порака за сите нас – да успориме малку и да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања. Создадовме реклама која е значајна за сите, бидејќи е позитивна, искрена и поттикнува на поголема верба во иднината, нешто кон кое ние во Пивара Скопје се стремиме, а нашиот бренд СКОПСКО го отсликува. ‘‘ – изјави г-ѓа Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на Пивара Скопје.
СКОПСКО нѐ повикува да го направиме понеделникот петок и секој момент од животот момент за уживање:
“Вистинска реткост е да се добие сценарио што нуди простор за особен визуелен третман. Тоа беше поттик за нас, но и за целата екипа, да создадеме нешто поинакво. Со нас го имавме и Никола Ристановски, кој донесе уште еден слој на извонредност во целиот проект. СКОПСКО отсекогаш ги поместувало границите во рекламирањето, и овој рекламен филм се надворзува на таа традиција.”- е задничкиот став на режисерското дуо Даријан Пејовски и Кристијан Ристески.
Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје. Почнувајќи од денес се емитува на телевизија и може да се најде на Facebook страницата и YouTube каналот на СКОПСКО.