Занимливости
Новата 2017 е година на огнениот петел
Новата 2017 година, во која според кинескиот хороскоп петелот ќе го заземе местото на мајмунот, нема да биде период на опаѓање и застој, како што сметаат многумина, тврди рускиот астролог Павел Глоба.
Доказ за тоа е карактерот на петелот.
Петелот се одликува со креативно размислување, необичен пристап при решавање на комплексни проблеми, подвижност, контактност и лесен поглед кон животот.
За разлика од својот претходник – мајмун, петелот се труди со сите сили да ја избегне тешката и макотрпна работа.
Многу луѓе оваа година ќе пронајдат начини за да ја олеснат работата на човекот.
Имено, тоа ќе помогне да се донесуваат правилни одлуки, да се избегнат многу конфликти и да биде пронајден правилен пат за развој и примена на талентите.