Новиот Супермен e бисексуалец во претстојниот стрип на „DC comics“
„DC Comics“ објави дека во претстојното издание на „Супермен: Синот на Кал-Ел“ новиот Супермен е бисексуалец и дека ќе започне врска со маж.
Серијата „Супермен: Синот на Кал-Ел“ го следи Џонатан Кент, синот на Кларк Кент и Луис Лејн, кој продолжува по стапките на својот татко, ја превзема наметката на суперхерој во обид да го спаси светот.
Во петтото издание на стрип – серијата Џонатан ќе се впушти во врска со својот пријател, новинарот со розева коса Џеј Накамура.
Сите детали ќе бидат откриени дополнително, но фотографиите објавени од DC покажуваат како Кент и Накамура се бакнуваат. Веста дојде по повод Националниот ден на откривање на сексуалноста.
"Superman's symbol has always stood for hope, for truth and for justice. Today, that symbol represents something more."—@TomTaylorMade
Earth’s new Superman comes out as bisexual in SUPERMAN: SON OF KAL-EL #5, on sale November 9. Details: https://t.co/tbDIwetW6G pic.twitter.com/kdL05HhzlO
— DC Nation (@thedcnation) October 11, 2021
-Супермен отсекогаш бил симбол на надеж, вистина и правда. Денес, тој симбол претставува многу повеќе – стои во објава на DC.
Петтото издание на „Супермен: Синот на Кал-Ел“ ќе се објави на 9 ноември.