Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ново истражување: Од самиот мирис на храната се зголемува телесната тежина

Занимливости

Ново истражување: Од самиот мирис на храната се зголемува телесната тежина

Нова студија од Универзитетот Калифорнија во Беркли утврди дека мирисот на храна пред самото конзумирање може да го поттикне телото да складира масти наместо да ги согорува, што води до зголемување на телесната тежина.

Од некои причини, сетилото за мирис силно делува на метаболизмот и апетитот. Студијата беше спроведена на глувци и поради тоа е прелиминарна, но резултатите се многу јасни. Глувците со многу добро чувство на мирис добиле многу поголема тежината кога биле хранети со хамбургери од глувците кои немале чувство на мирис. Глувците со нормални сетила за мирис телесната тежина ја зголемиле исто толку повеќе отколку глувците кои немаат сетило за мирис.

Блокирање на мирисот за намалување на тежината

Глувците без сетило за мирис добиле само десет отсто од својата тежина на диета со мрсна храна, додека нормалните глувци добиле сто отсто тежина. Кога на глувците со зголемена телесна тежина  било намалено сетилото за мирис, ослабеле на својата нормална тежина без никакви промени на исхраната.  Telegram.hr.

Научниците велат дека можеби постои нешто што би можело привремено да го блокира сетилото за мирис кај луѓето со зголемена телесна тежина што би ги поттикнало на тоа да престанат да имаат потреба за храна и прејадување. Но, сосема сигурно не  е доволно носот да се затне за да се ослаби. Луѓето кои немаат сетило за мирис се склони кон депресија, затоа што мирисот е многу важен за човечкото однесување и без него е скратено целото уживање во храната.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.