Магазин
НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Пробиотиците се бескорисни
Група научници тврдат дека пробиотиците, храната што содржи добри бактерии, се речиси бескорисни, објави Би-Би-Си.
Истражувањето на тие научници од Израел е едно од најдлабоките анализи за тоа што се случува во нашето тело кога внесуваме пробиотици.
Пробиотиците се сметаат за здрави и добри за цревната флора. Сепак, резултатите покажаа дека имаат мало или никакво влијание врз организмот.
Тимот на Институтот за наука – Вајзман, направил својот пробиотичен коктел со 11 видови на бактерии, кои беа препознаени како добри бактерии, вклучувајќи ги и Lactobacillus и Bifidobacteri.
Пробиотикот го пиеле 25 здрави доброволци еден месец.
Резултатите, опишани во списанието „Cell”, покажаа дека половина од случаите на добри бактерии влегле во устата, но исто така излегле директно „на другата страна”.
Во други случаи, тие кратко се задржале во дигестивниот систем пред да бидат „прегазени” од нашите сопствени микроорганизми.