Магазин
Ново правило за влез во најголемиот мавзолеј во светот
Откако пет лица беа повредени во стампедо во Таџ Махал, властите одлучија да го ограничат бројот на посетители, кои дневно може да го посетат најпознатиот мавзолеј во светот.
Несрќата се случи на 28 декември пред крајот на работното време, поради што организацијата што управува со мавзолејот соопшти дека во Таџ Махал дневно можат да влезат само 30.000 луѓе.
– Мораме да ја гарантираме безбедноста на споменикот и посетителите. Раководењето на Таџ Махал стана голем предизвик за нас, посочи организација.
Група чувари во 2011 година предупредуваа дека мавзолејот во следните пет години може да се урне бидејќи уште во 2010 година почнале да се појавуваат пукнотини, а дрвениот под еродирал. Други беа загрижени поради ефектот на кисели дождови врз фасадата на мавзолејот, предузвикани од фабриките во близина.
Таџ Махал е изграден помеѓу 1631 и 1654 година, а го градеа 22.000 луѓе. Шах Џенан наредил изградба на мавзолејот за својата омилена жена Арџуманд Бано Бегум.
Таџ Махал се смета за врвно дело на могулската архитектура, комбинација од елементи на персиски, индиски и исламски архитектонски стилови.
Таџ Махал годишно го посетуваат осум милиони луѓе.