Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Новогодишната елка во Рим оценета како „најгрда во светот“

Занимливости

Новогодишната елка во Рим оценета како „најгрда во светот“

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Рим има најгрда божиќна елка во светот.

Ова тажна „елка на штедењето“, како што беше наречена името на интернет, се наоѓа на „Пјаца Венеција“ и со својот изглед многу ги разлути жителите на главниот град на Италија.

Светилките на елката ги запали градоначалникот на Рим, Вирџинија Раги, додека децата одбројуваа до моментот нивното светнување, таа најави дека „елката ќе светне и се ќе сјае“. Но, кога несреќните свеќички се запалија, се слушна само подсмев и чудење, пишува бесникот „Локал“.

– И потоа се чудат дека луѓето одат во други градови за Божиќ. Ова е срамно. Подобро би било да немаме елка, беа само дел од коментарите на разочарани граѓани на социјалните мрежи.

По големиот број негативни коментари, градските власти одлучија малку „да ја поправат“ елката со додавање ѕвезда на врвот и се поголем број светилките, па сега граѓаните се нешто позадоволни, иако и натаму сметаат дека таа е грда.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.