Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ и натаму на врвот по заработката

Занимливости

Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ и натаму на врвот по заработката

Филмот „Војна на ѕвездите – Будење на силата“ веќе четири недели го држи првото место на листата филмови со најголема заработка во Северна Америка, престигнувајќи го и филмот „Повратник“ со Леонардо Ди Каприо. 

Со ова, „Будење на силата“ на режисерот Џеј Џеј Абрамс, стана трет филм според заработката во светот.

Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е прв филм кој за четири недели оствари заработка поголема од 800 милиони долари во САД и Канада, со приход од 812 милиони.

Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека филмот досега во цел свет заработил 1,73 милијарди долари, престигнувајќи го „Паркот Јура“, кој за истиот период заработи 1,63 милијарди долари.

„Војна на ѕвездите: Будење на силата“ по само 12 дена прикажување заработи повеќе од милијарда долари, што е рекордна брзина во историјата на кинематографијата.

Филмот го собори и божиќниот рекорд во САД, заработувајќи 49,3 милиони долари на католичкиот Божик.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.